Покана

Благочестиви христијани, на 11.08.2019 година, недела, во 16:00 часот во храмот „Свети Никола“ ќе се отслужи Вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралоско-новозеландски г. Петар, во спомен на преносот на моштите на Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со неговите мошти, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.

Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на нашата Македонска Православна Црква и на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!

Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната училица до местото Гумења!