На 15.03.2019 г., кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Теодот, Светиот маченик Троадиј, Преподобен Агатон, Светата маченичка Евталија и споменот на Светите четиристотини и четириесет маченици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Златко Костовски и Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, благоволи да отслужи Света Литургија на Претходно осветените Дарови во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Браќа и сестри, во средата од оваа седмица говоревме за првиот дел од молитвата на Свети Ефрем Сирин, која се кажува кога ги правиме метаниите во храмот, во црквата и која има длабока содржина.
Денес ќе подовориме за втората кратка молитва, а ако има време, секако и за третиот дел од молитва.
Вториот дел од молитвата на Светиот Ефрем Сирин, кога правиме големите поклони гласи: „Дај ни Господи дух на целомудреност, смирение, трпение и љубов“.
Што значи тоа целомудренист, браќа и сестри? Целомудреност значи…