На 14.01.2019 г., кога го празнувавме Обрезанието по тело на Спасителот наш Господ Исус Христос и споменот на Светиот Василиј Велики, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Пресвета Богородица“, во Битола.
После Божествената Литургијата, беше отслужен молебен за благослов на предстојната Нова Година, благодарејќи му на Бога за сите дарови, кои секојдневно ни ги дава.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Браќа и сестри, нашата Света Православна Црква, денес прославува троен празник. Празникот именуван Нова Година, според јулианскиот календар, кој всушност бил прифатен на Вселенските Собори како официјален календар за Црквата Христова, останува и ќе остане во употреба во нашата Македонска Православна Црква, се додека на Вселенски Собор не биде поинаку одлучено, зашто само Вселенските Собори, одлуките што ги донесувале, можеле да ги изменат, согласно со потребите на Црквата…