На 04.05.2019 г., во саботата од Светлата седмица, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј и Епископот Хераклејски г. Климент, изврши Големо осветување на храмот „Вознесение Христово“, во село Добрушево. После Големото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.