На 11.10.2019 г., во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп, во присутво на целиот клир на Преспанско-пелагониската Епархија, се одржа Свештеничко Епархиско Собрание, со кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.
На свештеничкото собрание се разговараше за црковно – духовниот живот во Епархијата, а исто така, се одржа и предавање на тема: Света Тајна Покајание и Исповед.