На 03.11.2019 г., кога го празнуваме споменот на Преподобен Иларион Велики, Свети Иларион Мегленски и споменот на Преподобен Филотеј Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Живко Десподоски и Љупче Петрески, свештеникот Јове Тренчевски и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Петка“, во Прилеп.
На Светата Божествена Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. После Божествената Литургија, беше отслужен молебен за дожд.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Големо чудо се случи, Господ испрати голем Пророк, за да го посети народот Свој“ (сп. Лиука 7, 16).
Браќа и сестри, Господ Исус Христос, заедно со Своите Свети ученици тргнал кон градот Наин, и ете, кога се приближиле до градските порти, од спротива доаѓала друга поворка на покојник т.е. на младо момче, син единец на вдовица, која немала ништо друго. Сета нејзина надеж во староста ја полагала во својот син, кој трбало да ја догледа. И одеднаш ете, овие две спротивставени поворки…