На 02.06.2019 г., во предвечерието кога го празнуваме споменот на Светиот цар Константин и неговата мајка, царицата Елена, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи празнична Вечерна Богослужба во храмот „Свети Константин и Елена“, во Битола.
Откако од Бога ги прими најдобрите од Неговите богати дарови, моќен цару и превелики Константине, сите нив добро ги употреби. Озарен од зраците на Пресветиот Дух, со крштението на Свети Силвестер, се покажа непобедлив меѓу царевите, и како дар на Твојот Создател си Му ја дал вселената, и благочестивиот град царски. Затоа не престанувај са Му се молиш на Христа Бога, како оној што смелост има, на сите оние што го слават твојот спомен, да им дарува прошка на гревовите и милост голема.