Едно од самите природни прашања на оние кои се сомневаат – е зошто постои адот? Ако Бог е Љубов, тогаш зошто Он ги осудува грешниците на вечни маки?
Одговорот на ова навидум „неразрешливо прашање“, всушност и не е многу сложен. Тука е најважно да разбереме, дека христијанството не дошло во светот со веста за тоа, дека постои ад. Не! Адот – темното царство на мртвите – е познат скоро во сите дохристијански култури. Со своето Воскресение Христос им ја откри на луѓето тајната на животот и Рајот, а не на смртта.
За жал, нашите поими за адот и рајот се далеку од христијанските. Зборот „ад“ кај многу современици предизвикува сеќавања од сликите во списанието „Крокодил“ од советското време: котли, кои се загреваат со јазиците на адскиот пламен; грешници кои страдаат во врело масло вo тие котли, и демони кои немилосрдно ги казнуваат грешниците. Ќе си дозволам да кажам, дека тие слики, при сета своја јасност, имаат многу малку заедничко со вистинското разбирање на вечните маки.
Но сепак ако говориме на сликовит начин, тогаш би ви предложил да се обратиме кон современото кино! Во една од последните слики од филмот „Земја на глувите“, на Валериј Тодоровски , постои сцена, која прекрасно го пренесува христијанскиот поим за адот.
За оние кои не го гледале филмот, ќе појаснам: главниот херој – е млада девојка. Нејзиното момче – е страсен коцкар, кој должи огромна сума на пари. Ризикувајќи го животот, девојката ја собира неопходната сума на пари за својот возљубен, но тој (како страсен коцкар) пред да го врати долгот, се обидува уште еднаш да си ја проба среќата. И … повторно ги губи сите пари.
Понатаму следува потресна и длабока сцена: ниту еден укор, ниту било какво обвинување искажува девојката, сè што таа прави се обидите – да го успокои својот возљубен. Таа му говори, дека тој не треба да се вознемирува, дека парите не се – најглавното во животот, дека таа повторно ќе заработи. Најглавно е, тие да се сакаат еден со друг, а сè останато потоа ќе се среди.
Како одговор на ова, момчето „експлодира во себе“ и ја прогонува од себе својата девојка. Тој вика, се лути, и не може да се наоѓа во нејзина близина, бидејќи се чувствува болно од сознанието, дека тој – е последниот подлец – кој ги прокоцкал нејзините заработени пари, а како одговор од нејзе – не добил ни еден укор, туку само ветување, дека и понатаму ќе го сака, без разлика што и да направи. Но таквата љубов е посилна од неговите сили, и бидејќи не може да биде со неа, ја чувствува својата подлост! Се чувствува болно од нејзината добрина, и ја прогонува.
Се разбира, понатаму нему ќе му стане уште потешко. Изгонувајќи ја саканата, тој целиот живот ќе се мачи, бидејќи таквата љубов – е една за секогаш. Согласете се, дека е тешко во оваа ситуација да ја обвинуваме девојката, да ја укоруваме дека таа го осуди момчето на страдање…
Овој пример, на мој поглед, целосно христијански го опишува чувството на душите на грешниците, кои се среќаваат со Бога , – Тој, Кој е Љубов. Љубовта, која гори, и без која нема живот. Така и човекот, кој долго време престојувал во темна соба и не сакал да излези надвор на сончева светлина, неизбежно ќе ослепи, кога сончевите зраци ќе го допрат неговото лице. И кој е виновен, што тој при секојдневните повици, се откажувал да излезе на улица? А очите, за тоа време, ја изгубиле способноста да ја апсорбираат светлината, односно животот. Токму затоа, човекот самиот се осудува себеси на вечна темнина и вечна мака.
И така, – ќе повторам уште еднаш, дека – христијанството – е Блага вест (гр. Евангелие), за Животот, а не за смртта. И сè што се бара од нас, е да ги отвориме вратите на срцето кон светлината, додека не е сеуште доцна. Сеуште имаме време!
Извор: https://azbyka.ru