На 10.02.2018 г., кога го празнувавме споменот на Преподобен Ефрем Сирин; Преподобен Исаак Сирин; Преподобен Паладиј; Преподобен Ефрем Печерски (+1096); и Родителската сабота (Задушница) пред Великите пости, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Заупокоена Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј во Битола.
После Литургијата, беше отслужена Панихида за упокоените во верата праотци, отци, мајки, браќа и сестри наши, со надеж на Воскресение и вечен живот.
Бог да си спомне и за сите знајни и незнајни чеда на Светата Црква, кои имаат потреба од нашите молитви+