За нив

Одговор Меланичен

Знам дека немаше да дојдат

Но беа повикани

Многумина се плашеа дека ќе омодрат

Но остануваат ненадминати,

Затоа што секоја се бори својски

Секој ден како да е последен.

Го знаат ли тие тоа ?

Свесноста го зафатила ли нивниот ум ?

Ти полека им го доловуваш тоа

Да не паднат во гревот Адамов  молчешкум

Или во Евината нестрпливост кришум.

Ох, гради мои отворете се

Раскини се завесо пред моите очи

Вистината да ја дознаат најпосле

Светилник  да им биде во мугрите

Та да чекорат денски

Да не сопнат ногата своја на камен

На помисли да не тргаат рецки

Една со друга да се имаат занавек

Да станат Боже –  друштво на самовили

Кое ќе ги краси твоите градини

Да ги вкусат вистинските убавини

Кои не се даваат на неверни.

Во малку да бидат верни

Многу да наследат

Да не се бројат нивните падови

Да ги покрие Твојата благодат

Та Господи,

Кој се борел, а да не бил ранет

Од кого крв не се изли

И кој не бил гонет

Од неговите злотвори ?

Погледај на нив и сочувај ги,

Како блудницата Те молам

Не заради моите правдини

Туку заради Онаа пред Која ничкум паѓам,

Која ги стишува и Твоите немири

Знае Најмилата како боли за децата ,

Како се носат во утробата

Како да ги заштитиш од злобата

Како е да сакаш – да им ја земеш тегобата .

Прослави ги Господи

Оние кои ми ги даде

Не дозволувај некој да ги украде

Да Те прославуваат во векови

Радоста никогаш да не ги напушти.

Slepche

(Од сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир)