Размислувања на Сергеј Јосифович Фудел, православен богослов и философ
Ако постот го разбереме пред сѐ како воздржување од нељубов, а не од растително масло, тогаш постот ќе ни биде светол и неговото време ќе ни биде „време на весел пост“ (Стихира на Господи воззвах, вторник веч. 2 нед. Вел. Пост).
„Давајќи му го на срцето мое Твојот најчист страв, и совршена љубов на душата моја“ (Стихира на Господи воззвах, четврток веч. 3 нед. Вел. Пост).
Нељубовта – тоа е најстрашното невоздржување, лакомство и пијанство над себеси, првобитна навреда на Светиот Дух. „Ве молам, – пишува апостолот, – поради љубовта на Духот“ (Рим. 15, 30).
Љубовта е спротивна и на гордоста и на злобата. Во вечерните молитви ние просиме од Светиот Дух – „Творецот на светот“, според зборовите на свети Иринеј Лионски („Против ересите“, кн.2, гл. 30) – да ни ги прости оние гревoви, кои сме ги направиле од нељубов: „ако некого сме укориле, наклеветиле или наскрбиле, разгневиле или за нешто сме се разлутиле; ако сме излагале.., или ако при нас дошол сиромав и сме го презреле, ако сме го нажалиле братот, или некого сме осудиле, или сме се разгневиле.., или сме се потсмевале на гревот на својот брат“.
Сергеј Јосифович Фудел
Извор: http://pravlife.org