За гревовите – Старец Гавриил (Ургебадзе)

Дрзок е оној човек, кој не ги гледа своите гревови и многу мисли за себеси. Сите горделиви и суетни луѓе, се одвратни во очите Господови.

***

Ако ти се сметаш за подобар од другите – ти си одвратен за Господа.

***

Не примај како дар „јудини пари“. Тие пари сигурно ќе те вовлечат во грев, од кој нема брзо да се ослободиш.

***

Не постои таков грешник, кој Бог не би го примил преку Покајанието и Причесната.

***

Нарушување на ветувањето – е голем грев.

***

Потребно е да имаме само еден страв – страв да направиме грев.

***

Гневот Божји е врз жените кои извршиле абортус. Кајте се и непрестајно  молете се, за Господ Бог да ви го прости гревот – детеубиство.

***

Бесот и бесрамноста  – се почеток на секое зло.

***

Кој дава непрведни наредби, тој греши повеќе, отколку оној кој ги исполнува.

***

Напразното изговарање на името Божјо е недопустливо, бидејќи со тоа ја нарушуваме Третата Божја заповед.

***

Неправедно е да бараме од некого било што, кое и самите не сме го давале.

***

Не треба да обожуваме земен човек.

***

Не знаејќи ја духовната состојба на ближниот, не давај совети. Твојот совет може да го погуби него.