За безбожноста

Таа може да биде словесна и безсловесна. Безбожноста станува словесна, кога измислува за себеси теорија за сопствено оправдување. Во ова својство таа станува многу опасна, како зараза, растејќи до епидемија. Нејзиното учење може да се предава на катедри, за него да се пишуваат сценарија, и врз основа на тоа, да се составуваат трактати и слично. Се појавуваат, следбеници, политички форми, построени на тезата да се живее без Бога.

Италијанците во епохата на Ренесансата говореле, дека религијата – е заговор на свештенството да управува со неука толпа на луѓе. Французите во епохата на Ренесансата говореле, дека религијата – е масовно заблудување на народот, реализирано со помош на умножување на научно знаење. Комунистите говореле, дека религијата – е форма за експлатација за одржување на владеачките класи. Фројд говорел, дека религијата е невроза.

Мислите летаат во воздухот. Не читајќи книги, можат да ве излажат и да поверувате во туѓи глупости, искрено верувајќи, дека ти за тоа претходно воопшто не си размислувал. Оваа појава е присутна насекаде. Луѓето веруваат во науката (колку помалку ја познаваат, толку повеќе веруваат), одат кај психоаналитичари, сметајќи дека религијата е за необразована маса на луѓе и ја обвинуваат Црквата за сè што ќе им текне или ќе слушнат наоколу. Тие сметаат дека сето тоа – „е нивно лично мислење“, но тоа е од поодамна, а не нивна изџвакана и проголтана храна.

Сепак за атеизмот, знаењето е најмалку потребно. Потребно е само однапред да се избере за себеси начинот на живот, целосно безбожен, а потоа да се соберат аргументи. Да се собираат аргументи е бесмислено. Свесното размислување не е знак на нашата епоха.

Стилот на погоре споменатиот живот (атеизам), се вклопува во малите зборови. Тоа се разбира е гордост: „Јас никому не сум се поклонувал, и нема да се поклонувам. Ако Бог постои, тоа не е исклучок“. А што е со моралната нечистота од која човекот не сака да се откаже. Не сака, или не може. На крајот на краиштата, сите чувствуваат дека е неопходно да се признае постоењето на Бога, веднаш штом ќе стапиме во контакт со Божјите заповеди. Елементарно: Бог постои, значи јас морам да верувам. Но за да го продолжиме својот гревовен начин на живот, ние го порекнуваме постоењето на Бога.

И така, да се спори со атеистот – е активност, која не дава никаков плод. Атеистот е тврдоглав, и колку е поглуп, толку е потврдоглав. Во него не спори умот, туку внатрешноста, која го одвраќа од покајанието.

Ние понекогаш можеби трошиме премногу време и сили на тоа, за да најдеме научни и историски аргументи во полза на верата. Самиот материјал за такви аргументи е огромен и се стреми кон бесконечност. Но во тоа е ѝ суштината, што умот на непријателите на верата е прилично арогантен и несигурен, наместо да биде цврст и жеден за вистината. Спомнете си за своите разговори со оние, до кои зракот на верата не паднал. Зарем тие со својот ум не скокаат од тема на тема, не знаејќи да ја насочуваат својата мисла во една насока. Нестабилноста на умот и искажување на незрели мисли, е нивни белег според кој се одликуваат.

Тие, исто така, брзо се уморуваат од макотрпното потопување во проблематиката и стануваат нетрпеливи. Работата на умот воопшто не ја сфаќаат како работа, туку само како вербално брборење за тоа и тоа. Исто така, таму нема и солидно познавање на душата. Постојат само разноразни делчиња од фрагменти, за кои не се знае дали се некаде слушнати или прочитани. Сето тоа изгледа како слика со неколку загатки, од кои повеќето се изгубени.

Но ако ја убедиш некоја личност да се откаже од митологијата, според која животот се раѓа од мртвата материја, и ја приведеш кон фактот, дека светот има свој Семоќен Творец, работата тука нема да заврши. Признавањето на Бога мора да биде на смирен начин. А после тоа потребно е да следува поклонување и прославување, служење и молитва.

„Јас не верувам во Бога, но никогаш нема да кренам рака на храм или на свештеник“, – ова се реални зборови кои можат да прозвучат во секоја минута. „Јас верувам во Бога, но Црквата и поповите ги мразам„, – и ова се реални зборови кои ги слушаме постојано.

Сами расудете, кој е пострашен или поодвратен.

Покрај чистото негирање на верата, сè уште постои темна духовност. Спиритуалисти, волшебници и други, кои воопшто не се материалисти. И оваа посебна духовност ги чека сите, кои излегуваат од мракот на материализмот.

Многу наши луѓе, не исклучувајќи ги и крстените, се атеисти. Тие се сакаат самите себеси и своите гревови, и затоа не сакаат да го прифатат Бога за свои Бог, и смирено да му се поклонат. Сите луѓе кои го сакаат Господа, должни се до крајот на светот да се борат во судирите и споровите со своите непријатели. Тоа е неизбежно. Во одредени моменти, кога безбожноста ќе биде побројна од бројноста на верниците, тогаш неопходно ќе биде да молчиме. Тоа ќе биде еден вид за заминување во нови катакомби, и тогаш Црквата ќе го заврши тоа што го започнала. Но сè додека тоа време сеуште нè дошло, ние треба да се научиме, да не ги оставаме црковните молитви, за со нив да го издигнеме својот дух за борба. За Бога, за вистината на Неговото постоење, и за слава на Неговото име.

 

Протоереј Андреј Ткачев

Извор: http://pravoslavie.ru