На 09.04.2018 г., на Вториот ден од Светлата седмица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот Свето Благовештение, во Прилеп.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Ден е на Воскресение, да се просветлиме, луѓе! Пасха, Господова Пасха, зашто од смртта кон животот и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе, пеејќи ја победната песна.
Христос Воскресна од мртвите.
Да ги очистиме чуствата, и ќе го видиме Христа како болска со непристапната Светлина на Воскресението, и ќе го чуеме како вика: радувајте се, пеејќи ја песната победничка.
Христос Воскресна од мртвите.
Небесата достојно да се веселат, а земјата нека се радува; нека празнува светот – видливиот и невидливиот, зашто воскресна Христос, радоста наша вечна.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Дево сенепорочна, пределот на смртта го уништи, кога Го роди вечниот Живот – Христа, Кој денес од гробот засветли, и светот го просветли.
И сега и сегогаш и во вечни векови. Амин!
Откако го виде твојот Син и Бог, Кој воскресна, радувај се со апостолите, богоблагодатна и Чиста! И пак велам: Радувај се, зашто ти си првата што ја прими благовеста за спасението, како причина за радост на сите, Богомајко Сенепорочна.
(Од Пасхалниот Канон)