На 27.09.2018 г., кога го празнуваме Воздвижението на Чесниот и животворен Крст Господов, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот Свети Кирил и Методиј, во Ресен.
После Божествената Лирургија, Митрополитото г. Петар го благослови почетокот на Преспанскиот јаболкобер.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Крстот за Јудејците соблазна, а за Елините (Грците) е безумство, а пак за повиканите и верните, е сила и спасение“ (сп. 1. Кор. 1, 23), браќа и сестри.
Нашата Света Црква, денес го прославува овој двоен празник на Крстот Христов, односно станува збор за Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, на Спасителот наш Господ Исус Христос, кога го нашла набожната и славна царица Света Елена, мајката на Светиот цар Константин…