Воскресна вечерна

На 21.04.2018 год., во предвечерието на Третата недела по Пасха, посветена на Жените Мироносици, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, отслужи Воскресна вечерна во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Битола.

IMG-a76ee522124c51b5606e16c22c5f3516-V

Вечерното богослужение со своето молитвено присуство го збогатија професори и студенти  од Руската Федерација, од градот Тобољск, кои се во посета на нашиот град, на покана од Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романовиќ Державин“ од Битола. По завршувањето на богослужбата, Митрополитoт г. Петат, гостите накратко ги запозна со историјата на епархијата и градот.