На 08.04.2018 г., во Светла ноќ на Воскресението Христово, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Света Божествена Златоустова Литургија во соборниот храм Свети Димитриј, во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на светиот Господ Исус, единствениот безгрешен. На Твојот крст се поклонуваме, Христе, и Твоето свето воскресение го пееме и славиме, зашто Ти си Бог наш, освен Тебе за друг не знаеме, со името Твое се именуваме. Дојдете сите верни да се поклониме на светото Христово воскресение, зашто ете, со крстот дојде радост на целиот свет. Постојано благословувајќи Го Господа, да го воспеваме Неговото воскресение: зашто откако претрпе распнување со смртта смртта ја разурна.
Христос Воскресна! Навистина Воскресна!