Уште едно утро осамна
прозорец поглед затскрива,
маглата не се подига –
во туѓина.
Денот не го наговестува
зрак од сонце срамежливо,
пој од птица златокрила,
ветре од долина повлечено,
во туѓина.
Орелски крила
не ми требаат
да стигнам до мојата татковина,
непријатели кои демнат
треба да избегне нишалкава
оваа – подарок во туѓина .
Плеќи само орелски да останат
да се подигнам од постела,
очи надалеку пат да видат –
сила да имам на морски бран
кој воздух истиснува.
Па да ги заплискам
сите премрежја
таговни мисли потопам,
грпкава да ми стане надежна
кога под удар на радост ќе ја снема,
местово да истисне туѓина
јас да се најдам дома.
(Од богољубивата поезија »Манастирски води« на
сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир)