Колку побрзо ја стекнуваш добродетелта, толку полесно ја губиш. Колку поспоро и потешко таа се стекнува, толку подолго престојува.
Една тиква брзо израснала и почнала да му се фали на кипарисот:
Погледни, јас за неколку денови израснав! А ти колку години растeш, и сеуште си мал!
Почекај, и одговорил кипарисот, – ти сеуште не си видела не ветер, ни жештина, ни студ!
За брзо време тиквата се исушила, а кипарисот останал на своето место!
Така и човекот: и во бура, и во спокој, се наоѓа на исто место. Зошто? Бидејќи долгото време, го прави цврст и силен. На почетокот од оддалечувањето од светот, неговата душевна состојба била нестабилна, но со текот на времето Божјата благодат постепено го раководи кон спасението и ослободувањето од страстите.
Денес – мала принуда, а утре Божјата благодат ќе започне сама да дејствува, и вие нема да имате потреба да се принудувате себеси, барајќи го начинот на вашето спасение.
Благодатта што живее во вас, ќе ви го открие тоа, доведувајќи го до вашиот ум, кон Бога, и тогаш вие ќе ја видите тајната над тајните.
Отворајќи ги очите после сонот, наместо да чувствувате сонливост, вие веднаш ќе почнете да ја преживувате сета полнота на созерцанието. Тогаш ќе речете: „Како се случува тоа, само што се разбудивме веднаш не облева прекрасно чувство?“ На што се должи тоа? Божјата благодат дејствува сама, а тоа е плод на постојаноста.
Така е и со гревот: човекот и дење и ноќе, и во сонот, цело време помислува на гревот и злото. Како што доброто, поткрепено од благодатта Божја, станува во човекот навика, така и гревот, благодарејќи на лошата навика и ѓаволот, станува постојано зло.
Архимандрит Ефрем Светогорец (Мораитис)
Извор: http://pravlife.org