Во рајот нераспнати нема

Свети Три Светители (Светите Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов)
Свети Три Светители
(Светите Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов)

Од тројцата светители, чиј спомен го празнувавме, великите богослови на Црквата Христова, само еден го завршил својот пат на сопствената катедра. Јован Златоуст бил симнат од Константинополската катедра и гонет по затвори од императорот Аркадиј, за што добил одобрение од архиерејски собор. А две децении претходно, Григориј Богослов, со решение на Вториот Вселенски Собор „го испратиле“ од Константинополската катедра неговите браќа-епископи, одмаздувајќи му се за неговата критика кон нивниот кандидат за Антиохиската катедра. За овие одмаздољубиви браќа, тој зборувал доста отворено, доживувајќи ги дните на старост на својот имот.

Можеби истата судбина би го постигнала и Василиј Велики, но неговиот земен пат завршил на 49 години. Впрочем, и од неговата Кападокиска епархија, императорот-еретик Валент му ја зел половината, поддржувајќи ги со тоа аријаните. Василиј го сочувал чинот и дури го убедил да прими епископство неговиот другар Григориј Богослов, за да ја зачува управата над дел од изгубените земји поради Валент. Но тие грижи, строгиот аскетски живот и колосалниот напор во работата над текстовите не поминале без трага.

Така што, при внимателно набљудување, митот за симфонија останува само мечта, која е далечна од реалната историја на Црквата. А всушност, во бројот на светителите, големо е мноштвото на оние, кои би можеле да ги прославиме како „од христијани измачените“. При што, во бројот на нивните гонители биле како светската, така и црковната власт.

Големото се гледа од далеку. Благодарение на трудовите на Василиј и Григориј, Црквата ја изразила големата тајна на природата на Единосушната Троица, без да се порекнува личносното битие на Нејзините Три Ипостаси. Благовестието на Јован Златоуст до денес вдахновува милиони проповедници, кои се обраќаат кон неговите дела.

Во денешно време, сите тие би можеле да се вбројат кон несфатениот и бунтовник Кураев. Како и тогаш, подложен на репресии. А по смртта, да се овековечни нивниот спомен со именување на литургија (на Јован Златоуст и Василиј Велики) и со читање на нивните текстови на Великопосните служби (на Григориј Богослов) и на Велигден (Јован Златоуст).

Ќе дојде ли време, кога богословските и апологетиските текстови, да речеме на о. Андреј, ќе влезат во семинарската хрестоматија?

Во рајот нераспнати нема. Пророк во својата татковина нема.

Свети Василиј, Григориј и Јован, молете го Бога за нас!

 

Јеромонах Димитриј (Першин)