Ветришта

„Јас не познавам Христос Грчки, Руски, Англиски, Арапски…

Христос за мене е Сè, надкосмичко Битие.

Во Светото Писмо често се кажува дека Христос умре за целиот свет, за гревовите на целиот свет.

Затоа, кога ќе ја ограничиме Личноста Христова, кога ја унижуваме до планот на националноста, ние се губиме и паѓаме во темнина. Тогаш е отворен патот за омраза меѓу нациите, за непријателство меѓу социјалните групи…

Оној кој го љуби Христос, кој во себе го усвојува и во себе ги носи “чувствата кои биле во Христос Господ” го доживува светот како Адам, се моли за сиот Адам. Тоа е вистинско Христијанство.

Секој од нас на ближниот му должи љубов на мајка. Не може да се сака без страдања.

Најголемата болка е да се љуби до крај“.

                        Преподобен Софрониј Сахаров
ученик на Св. Силуан Атонски

Ветришта

slepche winds

Од каде доаѓаш
на каде ли идеш,
со шум ли ми приоѓаш
мисли ли ми крадеш ?

Колку денови се создадоа
за да преклопат ноќни непознаници,
колку ли мигови протатнеа,
но сепак се најдоа осамени во срцеви отчукувања.

Ветер во мисли
бура во очи
страв не донесе за иднина
туку осаменост во исчекување.

И денес денот поминува
ноќта на плеќи од ветар налегнала,
и оваа соба е претесна
да собере во себе виор од ветришта.

Насетив, а веќе и знам
срцево се проширило,
но не заради болест од телово
туку да собере мисли од ветришта
кои луѓе ги оставиле по патишта.

Како што Ти извика
смирен збор кон морињата
како што Ти насекаде провика
мир да биде по морски бранови довека,

Така одгони ветришта
кои ја реметат тишинава
за повторно да влезам во дворот на куќата,
срце да се напои со благодатта
која во реченици ќе биде опишана.

Ветришта, ветришта …

 slepche

 

(Од сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир)

Посветено на:http://religija.mk/petmina-mitropoliti-na-gpc-usvoija-rezolucija-osvojuvachot-na-slavnata-zemja-sekogash-ke-bide-progonuvan/