На 06.04.2018 г., во соборниот храм Свети Димитриј, Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Утрена богослужба со Чинот на оплакување и погребение на Спасителот наш Господ Исус Христос.
Достојно е, Жизнодавче ,
да Те величаме, рацете на крст ги рашири
и ја скрши силата вражја.
1. Твоите раце ме создадоа и оформија, вразум ме, и ќе се научам на Твоите заповеди.
Достојно е да те величаме,Создателе на сите,
зашто со твоите страдања имаме нестрадање,
избавени од гниење
2. Оние што се плашат ќе ме видат и ќе се развеселат, оти се надевав на Твоите зборови.
Христе Спасителе, земјата се исплаши,
а сонцето се скри, кога Ти, незаодна Светлино,
во гроб зајде телесно.
3. Разбрав Господи, дека Твоите судови се праведни и дека праведно ме казни.
Во гроб си заспал, Христе со природен сон,
и од тешкиот гревовен сон
си го подигнал родот човечки.