Увереност во невидливото

 

Тато, а што е тоа вера? – ме запраша (или еден ден ќе ме запраша!) еден од моите помлади синови. А во мојата глава звучи одговорот или дефиницијата за верата од Светото Писмо, која ја имав научено уште од богословија, дека: „Верата е жива претстава за она, на кое се надеваме, и докажување на она, што не се гледа“ (Евер. 11, 1). Но јас нејзе ќе ја зачувам за подоцна, а сега ќе ги извадам стариот добар компас пред љубопитното момче.

Компасот – е визуелна илустрација на верата. Компасот не го гледа далечниот северен полуостров, но со сигурност укажува на него. Под негово раководство, (секако не ја забораваме и картата) можеме да стигнеме и до север, и воопшто насекаде.

Ќе му раскажам на синот, дека таков сличен компас, има во внатрешноста на секој човек: некаде во срцето, во срцевината или во душата. Тој е невидлив, исто како и совеста.

Ќе му покажам на синот, како работи аретирот „сопирачот на стрелките“, и ќе му објаснам, дека кај некои луѓе за жал, внатрешниот компас е стопиран. Неговите стрелки се заглавени за било која позиција, и со таков инструмент е невозможно да се движиме.

Во таква дезориентирана состојба живеат луѓето, кои себеси се нарекуваат атеисти. Всушност, тие не се толку далеку од верата, бидејќи тие исто така имаат компас, од кого само треба да се симне сопирачката. Кој може да го направи тоа? Тоа е тајна.

Потребно е да се отстрани сопирачката, и стрелката ќе се насочи кон духовниот пол, т.е. кон Бога. Сега е јасно, каде треба да го насочуваме својот живот, и нема да залутаме. Сепак патот што го покажува духовниот компас, секогаш поминува низ планинските гребени од духовниот подвиг и трнливи искушенија. Друг пат не постои, а исто така не постои ни духовен хеликоптер. Кога човек размислува за таквата состојба на работите, тој или продолжува да се движи кон целта, или започнува да ги игнорира стрелките и самото присуство на компасот. На крај тој се префрла кон цели, кои се многу попрозрачни. Но компасот, без патување е само една интересна играчка, а „верата без дела – е мртва“ (Јак. 2, 20).

Овде е местото каде што се раѓа гревот, и ќе му кажам на својот син дека: гревот е отклонување од Вистинската Цел. Грев е секој чекор подалеку од насоката што ја покажува стрелката на духовниот компас, чекор против верата.

Јас исто така ќе земам мал магнет и ќе го доближам до компасот. Или компасот ќе го доближам до него. Детето ќе види дека овој мал предмет, ќе ја повлече стрелката кон себе, како да е посилен од моќната привлечност на оската на Земјата. Се разбира, дека тоа не е така, бидејќи магнетот е поставен премногу близу. Според овој пример, јас на синот ќе му објаснам што е тоа идолопоклонство, и тоа, дека „никој не може да им слугува на двајца господари“ (Мат. 6, 24).

Можеби ова ќе биде доволно, а исто така и времето ќе ни помине брзо и ќе ни биде од голема полза. И така, јас сум подготвен за прашања. Прашувај!

Свештеник Леонид Кудрјачов

Извор: http://www.pravoslavie.ru