На 29.05.2018 г., во вторникот од првата седмица по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во манастирскиот храм посветен на Свети Игнати Богоносец, во Јанковец.
Пред почетокот на Божествената Литургија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го облече во монашка облека (расо и камилавка) искушеникот Кристијан (Костовски) и му го даде монашкото име Игнатиј, во чест на Свети Игнатиј Богоносец.