„Тато купи ми кифла…“ Нови истории за чудата на Преподобен Гавриил (Ургебадзе)

 

 

На 20 октомври / 2 ноември, Црквата го празнува споменот на Преподобниот Гавриил Самтавриски – духовен старец, Добар дедо, како што го нарекуваат во Грузија, кој со својата неискажлива љубов ја преобразува човечката душа. Чудата по молитвите на старец Гавриил не треба да се бројат, бидејќи тој и по својата смрт, им помага на оние кои страдаат и им е потребна утеха.

Отец Јован (Папич), Србија, Белград:

– Старец Гавриил го почитуваат во целиот православен свет и кај нас во православна Србија. Во мојот живот старец Гавриил има направено многу чудеса, постојано чувствувајќи ја неговата поддршка и грижа. Во знак на благодарност и љубов кон старец Гавриил, јас на една наша парохијанка по име Виолета, и благословив, на икона да го изобрази ликот на Старец Гаврил, со цел неговата икона постојано да стои во нашиот храм. Јас нејзе и раскажав за старец Гавриил и за неговата чудотворна сила, т.е. за силата на неговата љубов. Таа почна да ја слика иконата, а после неколку дена, дојде кај мене и со солзи и ми рече: „Отец, јас со мојот сопруг сме разведени веќе 20 години. Откако го изобразив ликот на старец Гавриил, мојот сопруг после долги години ми позвони, се извини пред мене, и ние се смиривме.“

Несомнено е дека отец Гавриил е голем светилник на љубовта, кој низ времето и просторот им дарува љубов на сите, помагајќи им во сè, дури и во таквите случаи, кога самиот се срамиш да побараш помош од него.

Отар Н., духовно чедо на Преподобен Гавриил:

Еднаш во Великиот пост, јас со отец Гаврил бевме во Светицховели (Соборен патриаршиски храм во чест на Дванаесетте Апостоли). Во текот на ноќта, јас имав бубрежен напад. Јас не се осмелив да го разбудам старецот и сам отидов во болница. Ми дадоа силен аналгетик за смирување на болката. За кратко време, на посета ми дојде отец Гавриил. Од големите болки јас не можев да се движам. Отецот ми благослови, да станам и на колена да ја прочитам молитвата „Отче наш“. Јас го исполнив благословот и веднаш почувствував, дека болката почна да престанува. По милоста Божја, и по молитвите на отец Гавриил кон Мајката Божја, јас бев спасен од операција.

Еднаш старецот ми нареди да му однесам еротско списание, односно не некои карикатури, туку вистински фотографии: списанието требаше да биде „живо, како риба“. После неколку дена јас отидов кај старецот, надевајќи се, дека тој заборави на чудното барање. Но не, тоа беше сеуште присутно кај него. Он ме погледна, велејќи ми: „Ако не го исполниш, ќе бидеш строго казнен“. Немаше што да правам, морав да му го однесам списанието. Блиските, дознавајќи за тоа, почнаа да го осудуваат старецот. Јас бев разочаран, сметајќи се за виновен. И наеднаш, во мојот ум исплива мојот блуден грев, кој некогаш беше втиснат на фотографиите. Овие фотографии се наоѓаа во мојот сеф со документи. Јас веднаш отидов на работното место, ги зедов фотографиите од сефот – и се изненадив многу: во кадарот на една од фотографиите, имаше јадење со жива риба. Јас веднаш ја запалив фотографијата. После неколку дена, во текот на еден процес, мојот сеф беше подложен на проверка. Ако тие фотографии беа откриени, јас ќе бев во голема неволја и непријатност. Така старецот, спасувајќи ме од непријатноста, во предвид не ја зеде својата репутација. Отец Гавриил не се плашеше од осудување, туку секогаш беше подготвен да поднеси било каков срам, со цел да му помогни на ближниот.

Светите мошти на Преподобен Гавриил (Ургебадзе)

Неколку дена по моето запознавање со отец Гавриил, тој ми подари голема стара икона со Распетието Христово. Ноќта тој ме изведе надвор од келијата. Од месечевата светлина, куполата и крстот на храмот биле јасно видливи. Отецот ме натера да клекнам на колена, а потоа ја постави иконата на мојата глава и долго се молеше. Одвреме – навреме, го слушав неговиот глас: „Бог Авраамов, Бог Исааков, Бог Јаковов…“ Јас сеуште се сеќавам на ова, но за мене остана загатка, за што се молеше старецот. Во една друга прилика, отец Гавриил ми даде кадилница и ми рече: „Запомни добро: постригот ќе биде во Зедазен, и ти таму ќе се упокоиш“. Негледајќи на тоа, дека јас сеуште не сум на таа духовна состојба, во кој треба да се наоѓа монахот, јас посакувам да се остварат неговите зборови. Посакувам Бог да ми се смилува и да ја оправда мојата духовна блискост и топлата пријатна врска со отец Гавриил.

Учителот на смирението, послушноста и големата љубов, утешителот на грешните и немоќните, јуродивиот архимандрит Гавриил често говорел за себеси: „Јас сум – црв, земја и пепел“. Што можам да кажам за себеси после овие зборови!

Протоереј Давид Григлашвили:

Мојата ќерка Мариам, уште од раѓањето имаше проблеми со говорењето. Таа не можеше да зборува. Единственото нешто што можеше да го изговори, беше звукот „у“. На овој начин таа се обидуваше да ни каже што сака и што ја мачи. Отидовме кај сите лекари во градот, но немаше никакви резултати. Таа практично беше нема, и ние се помиривне со тоа. Еден ден, мислата ме натера, мојата ќерка да ја однесеме на гробот на старец Гавриил. Цело семејство отидовме во Самтавро, и на колена се помоливме пред гробот на старецот. Тогаш старецот не беше канонизиран.

Се помазавме со маслото од кандилото на старецот, а потоа, пополека се подготвувавме да се вратиме дома. Јас својата ќерка ја држев за рака. Одеднаш таа избега од моите раце, буквално како да се измолкна и тргна назад кон гробот на старец Гавриил. Таа се поклони на гробот, и на изненадување на сите зеде мала кајсија од таму. На гробот претходно немаше ништо. Таа стана, дојде кај мене и ми ја покажа кајсијата, обидувајќи се да каже нешто, како што таа умееше, преку „у-у-у“. Ние на сестрите им ја покажавме кајсијата, раскажувајќи им ја нашата мака, и ги замоливме да ни кажат што да правиме. Сестрите од Самтавро ни рекоа, дека оваа кајсија, старец Гавриил ја испраќа за Мариам, и најдобро е истата да ја изеде. Ние постапивме според советот од сестрите.

Мариам со апетит ја изеде кајсија, потоа повторно отидовме до гробот на старецот, се помоливме, и по некое време се упативме кон портите на манастирот, влеговме во автомобилот и тргнавме да се враќаме дома. После десет минути, само што излеговме од градот Мцхета, од задното седиште јас го слушнав гласот на својата ќерка: „Тато, купи ми кифла!“ Посреќни луѓе, во тој момент од нас немаше, бидејќи мојата сакана ќерка, за првпат во животот изговори збор – прозбори. Јас го застанав автомобилот, и сите со стравопочит бевме потресени од чудото, кое се случи пред нашите очи. Слава Тебе Господи! Слава на Тебе, оче Гаврииле!

Извор: http://www.pravoslavie.ru