Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Лишен сум од брачната одаја, лишен и од свадбата,
како и од вечерата. Светилката изгасна, оти снема елеј.
Додека спиев, брачната одаја се заклучи, вечерата се изеде.
А јас, со врзани раце и нозе, надвор сум исфрлен„.
(4 песна од Покајниот канон во среда)
Оној, кои ги напишал овие зборови, драги браќа и сестри, лично, многупати го преживеал опитот на отуѓувањето од изворот на Светот и Правдата. Ова се зборови на свет човек, зборови на преподобниот Андреј Критски. И уште колку такви големи светии ние сретнуваме, кои составиле вакви молитви! „Иако многупати се каам, лажливец пред Бога се покажувам, и каејќи се треперам… и повторно истото го правам“.
Ако ние внимателно навлеземе во содржината на утринските и вечерните молитви, составени од светиите, и проникнеме во богослужбените текстови, составени од оние чии спомен го празнуваме, и чии икони ги целиваме и величанија ги пееме, тогаш со сигурност ќе разбереме, дека нивната светост е тешко да се спореди со вообичаениот за нас ореол на светоста, бидејќи тие и понатаму продолжуваат да бидат за нас на несогледлива висина.
Како ние да го примиме и разбереме тоа? За да одговориме на ова прашање, потребно е својот животен пат, внимателно да го поставиме, кон тие неизбежни сегменти, кои светиите ги нарекуваат опит на богооставеност.
Потребно е да бидеме искрени, приземни и реални луѓе, и да знаеме дека сето тоа се случувало со сите христијани кои се подвизувале. И светиите оделе, а и ние со вас одиме по тој пат.
Кога човек ќе го спознае Христа, он ќе ја доживее својата лична Пасха. Тоа постанува вистинско чудо за восхит. Божјата благодат како да се подига над ритамот над секојдневниот живот на земјата со радост. Но поминува време и Христос не напушта. Но Он не го отфрла човекот, не, туку го зема од нас она што ни е дадено според дарот, за секој од нас да може да го стекне чудото на благодатта со опитот на својот личен труд и борба.
Еднаш преподобен Јосиф Исихаст и Ефрем Катунакски го набљудувале морето од Света Гора. По морето пловел мал кораб, ветрот бил поволен и коработ пловел слободно без никаква друга сила. „Гледаш колку лесно се движи коработ кога има ветар, – го запрашал старец Јосиф отец Ефрем. Ветерот дува во едрата, и коработ плови по морето. А што прави морнарот? Он се насладува во пловењето. Но кога времето се менува, и ветрот го нема, и пловењето не е лесно, тогаш е потребно да се земат веслата, да се напнат мускулите и сам да го придвижуваш коработ. Дојде време и ти да ги земеш веслата и сам да се подвизуваш. Но ти не си сам: тебе Христос ќе ти дава сила, но сепак во тој момент ти ќе ја вложиш сета своја волја, сето свое срце, сета своја побожност, покажувајќи што сакаш, а не само она што тебе Христос ќе ти го даде“.
Еден човек ништо не правел, но сепак го доживеал опитот од допирот на благодатта, кога Бог се допрел до неговиот живот, и тој се молел непрестајно со часови лесно без никакви проблеми. Се будел навечер и се молел дури и во сон. Потоа тој отишол кај својот духовник и го споделил со него ова негово искуство: „Јас просто летам. Јас се молам и сѐ насладувам со Бога. Со Него е сѐ лесно“.
Духовникот му одговорил: „Чедо, тоа што сега го доживуваш – е од Бога, не е твое. Тоа ти е дадено за твоја преобразба. Но знај дека во опит се претвора она, за кое ние пролеваме крв“.
„Дај крв и прими Дух“ – ова е правилото на светиите, драги браќа и сестри, да го следиме. Тој што се подвизува, тој добро знае и го преживува тоа.
Во нашиот олтар секогаш има темјан. За големите празници ние употребуваме миризлив темјан кој е прилично скап. Но дали ние ја чувствуваме неговата миризба во храмот се додека не го поставиме на вжарен јаглен? Секако, дека не. Но кога ние ќе го поставиме на вжарен јаглен, темјанот се топи, и неговата убава миризба го исполнува храмот. Но ако јагленот е ладен, ништо нема да се случи.
Ова е пример за суштината на духовниот живот, и сите треба да разбереме колку е тоа важно за нас. Кога настапува период на оладување, ние не треба да се откажуваме од борбата. Ако сакаме божествено благоухание, ние треба сами да се разгориме, односно да поминеме низ искуството на болката.
Една монахиња до својот монашки постриг цврсто верувала во Бога. После постригот таа отишла во својата келија и веднаш заспала… „Јас заспав како голем верник, а се разбудив како неверник – раскажувала таа. Јас се разбудив и мојата вера исчезна. До пред оваа состојба јас доживеав многу прекрасни работи, молејќи се со Исусовата молитва, и одеднаш во еден миг, моите крилја се скршија и јас се разбудив како неверник. Отидов кај мојата духовна мајка и ѝ раскажав за тоа“.
Таа одговорила:
Многу рано те нападна искушението. Другите обично ги напаѓа подоцна, а ти веднаш почна да се бориш.
Но зошто тоа се случува со мене? – воскликнала сестрата.
За ти да ја покажеш својата лична волја, својата решителност, за тоа дали сакаш да бидеш со Бога? Покажи го тоа со својата сопствена борба. Потребен е твојот труд. Тоа што беше претходно, беше лесно, без никаков труд, бидејќи Бог ти го даде тоа. А сега треба да се научиш да веруваш без да чувствуваш многу работи. Стани и отиди во Црква: ти ќе почувствуваш студ, отуѓување, а твојата душа ќе биде како сува земја, како пустина. Но ти сепак, моли се и стреми се да се подвизуваш.
Еден сега веќе упокоен архиереј, раскажуваше, дека познавал еден свој собрат кој бил надарен со многу таланти, и кој имал стекнато голема популарност. На пат кон областа, каде што некогаш во прогон биле испратени свештеномачениците Иларион и Герман (Рјашуцев), заедно со петербургскиот протоереј Петар Ивновски, тој секое утро му велел: „Јас ја изгубив верата“. Тој престанал да го прави тоа што го правел со голема ревност и искреност, и видно преживувал страшна и мачна состојба. Неговиот сопатник ја засилил молитвата за него, и по неколку дена тој повторно му одговорил со светло лице: „Повторно верувам“.
Да не го заштитуваше Господ во тоа време на оставеност и искушенија, исполнето со болка и огорченост, со цврстиот ѕид на (училиштето на благочестието), и ако не се најдеше до него некоја добра христијанска душа, која ќе се молеше за него, сè ќе беше поинаку. Мене ми се чини – говореше потоа и светиот свештеномаченик Герман, раскажувајќи му за тоа на митрополитот Николај (Јарушевич), дека секој од нас го носи во себеси и рајот и адот, а повеќе надарените можат да имаат не само посилни стремежи кон рајот, но и заводлива привлечност и искушение од второто. За тоа јасно говори животот на големите подвижници на побожноста и опитот, ако не на сите, тогаш на повеќето до нив (свештеномаченик Герман, епископ Взјаниковски).
Сите светии, драги браќа и сестри, поминале низ опитот на богооставеноста. И ние со вас нема да бидеме исклучени од тоа. Зарем апостол Петар на го љубел Господа и не верувал во него? Но и нему му било допуштено да се одрече, за потоа преку покајанието до крајот на својот живот да биде цврст во смиреномудрието – ова е необична духовна лулка на сите таланти и откровенија.
Кога било кој од нас ќе се најде во бездната на богооставеност, духовен отпор, богоборство и искушение, треба да знае браќа и сестри, дека во тој час Господ е поблизу до него, од било кога, бидејќи оној кого Бог го љуби, тој и го казнува. Казната значи, воспитување, и на грчки и на црковнословенски јазик. Него го воспитува, го развива и го учи да не плива според течението. Добриот учител дава тешки задачи, за да го направи својот ученик смел и да го развие неговиот ум. Кога он гледа, колку тешко го решаваат решението, он не брза да се вмеша, туку чека учениците сами да го најдат решението.
Кога Господ молчи не нè остава нас сами во борбата, Он сака нас да не научи и да не направи учесници во Своите Тајни. Он сака ние да пораснеме, да станеме силни, зрели и да стекнеме вистинско богопознание. Кога нам ни се чини дека Он не нè слуша, дека е далеку, дека го нема, тогаш треба да знаеме дека Он во тие минути е најблизу до нас. Борбата во духовниот живот, не е знак дека ние не сме успеале и дека нашиот живот е трагичен. Не, драги браќа и сестри. Тоа е начин на живот. Тоа е и животот – борба, труд, напор, вложување на себеси – во сето ова се состои тајната на светоста. Така ние стануваме свети. Таков е патот на светоста, подготвен од Бога за секого од нас. Ние треба само да го поминеме тој пат, и да дојдеме до Оној, Кој нè чека нас во Царството – во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
Архиепископ Пeтерговски Амвросиј
Извор: http://spbda.ru