На 09.08.2018 г, кога го празнуваме споменот на Светите Седмочисленици, Свети Климент Охридски и Светиот Великомаченик Пантелејмон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, отслужи Света Божествена Литургија, во манастирот „Свети Климент и Свети Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Јас сум добриот Пастир, а добриот пастир си ја полага душата своја за овците„ (Јован 10, 11).
Високопреосвештени Архиереи, пречесни отци, драги браќа и сестри!
Денес ние прославуваме троен празник…