На 19.12.2018 г, кога го празнувавме споменот на Светиот Николај Мирликиски Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп.
После Божествената Литургија, пред параклисот на Свети Никола во центарот на градот, каде се изврши мал водосвет и прережување на славскиот колач.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо, и имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна“ (Евр. 13, 7).
Браќа и сестри, денес е голем и спасоносен празник за нашата Света Православна Црква, но посебно за прилепчани и за Општина Прилеп. Имено, станува збор за патронот на овој град, на оваа општина, кој е избран токму заради тоа што, најмногу од врените православни христијани во Прилеп, го празнуваат Свети Никола.