На 03.07.2018 г., кога го празнувавме споменот на Светиот Наум Охридски, Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот Свети Наум, во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Амин!
Браќа и сестри, денес е голем и спасоносен празник за нашата Света Православна Црква. Денес го славиме споменот на нашиот преподобен отец Наум, Охридскиот Чудотворец, човек од нашиот македонски род, кој се родил во Македонија, но не заеме точно во кој крај на Македонија, или во кој дел од нашата земја…