На 02.01.2018 г., кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец; Свети Данило, архиепископ Српски; Свети праведен Јован Кронштатски; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар одбележувајќи ја храмовата слава на манстирската црква Св. Игнатиј Богоносец, отслужи Божествена Литургија при манастирот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Но и за другите луѓе, непрестајно молете се. Зашто има надеж дека ќе се покајат, и ќе дојдат при Бога. Дајте им да се поучат, по крајна мера, од делата ваши. Против гневот нивни вие бидете кротки; против нивното многусловие – смиреномудрени; на нивното злословие спротивставувајте се со молитва, – на нивната заблуда – со цврстина во верата; против нивната грубост бидете тивки. Да не се трудиме да им подражаваме, – напротив, со својата снисходливост да се покажеме нивни браќа – а да се потрудиме да бидеме подражатели на Господа. Подобро некој нека претрпи неправда, нека поднесе загуба, нека се подложи на уништување, само да не се најде во вас нешто од плевелот ѓаволски, но во секоја чистота и целомудрие да пребивате во Исуса Христа, телесно и духовно“.
(Свети Игнатиј Богоносец, од Посланието до Ефесјаните)