На 12.07.2018 г., кога го празнуваме споменот на Светите Апостоли Петар и Павле, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во манастирот посветен на Светите апостоли, во село Смилево.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Нивниот глас се слуша по целата земја, а нивната проповед до краиштата на вселената“ (сп. Псал. 18, 4).
Вака старозаветниот пророк, говори за денешните славеници, за Светиот апостол Павле и Светиот апостол Петар, кои се врховни апостоли на нашата Света Православна Црква. Имено овие Свети Апостоли, ученици на Господа наш Исуса Христа, најмногу се истакнале…