На 08.08.2018 г, кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Параскева Римјанка, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Света Петка, во населбата Точила, Прилеп.
После Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар отслужи Панихида за борците и бранителите, кои ги положија своите животи за одбрана на татковината во 2001-та година. Нека им е вечен нивниот спомен!