На 07.12.2018 г, кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Меркуриј и Светата Великомаченичка Екатерина, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Великомаченик Меркуриј“ во село Барешани.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Кога ќе ве изведат пред цареви, судии и мачители, не мислете што ќе зборувате! Вашиот Отец ќе ви даде премудрост што и како ќе говорите!“ (сп. Марко 13, 11).
Браќа и сестри, денеска ги прославуваме Светите маченици на Црквата Христова Свети Меркуриј и Света Екатерина.
Свети Меркуриј бил војник во времето на царот Декиј …