Еднаш старец Пајсиј гледајќи кон морето, видол огромна птица, орел или змеј, какао носи голема риба во канџите. Кога птицата стигна до келијата на старецот, ги раширила канџите и рибата жива падна пред нозете на старецот. Тогаш старец Пајсиј отишол во келијната црква и се помолил, поради страв од заведување на непријателот. Но кога видел, дека тоа е Господ и дека Он навистина не го остава него со Својата промисла, се заблагодарил на Бога и на Пресвета Богородица. Потоа, излегол во дворот, ја зел рибата и ја испекол, и малку ја поткрепил својата ослабена сила.
Старец Пајсиј говорел: „Денес во светот луѓето се занимаваат со многу прашања, заборавајќи на себе. Мислам, дека ако секој се позанимава и погрижи за себеси (за својата душа), сè ќе оди во встинска насока. Ова е потребно да го правиме. Ѓаволот, како што гледатe, прави многу работи, за да ве одвлечи од Бога“.
Некои му говореле на старецот: „Ете вие монасите, седите тука во пусто место и само се молите. Не е ли подобро во ова тешко време, кога Црквата е разделена и нападната од внатрешните и надворешните непријатели, да водите активен живот и со поуки и проповеди да и помагате на Црквата?“ На ова старец Пајси одговорил, приведувајќи го следниов пример: „Замислете некој човек како седи во радио станица, на тивко и безбедно место, и се обидува да стапи во контакт со Центарот. Одеднаш доаѓаат неговите другари и му велат: „Остави го твоето бескорисно радио, земи пушка и завземи позиција, бидејќи непријателите нè опколуваат“. Ако тој ги послуша, ќе отиде и ќe и се придружи на борбената единица – и тоа е сè. Но ако остане трпелив во близина на радио станицата и успее да исконтактира со Центарот, тогаш тој ќе ги повика големите сили на воздухопловството, и непријателот ќе биде потиснат и поразен. Користете го овој пример во духовна смисла и кон нашето монаштво на Света Гора“.
Извор: http://pravlife.org