На 15 јануари, го празнуваме споменот на светиот Серафим Саровски.
Во прилог, пренесуваме неколку поуки од светителот:
Свети Серафим Саровски – Цитати
Рајот и пеколот започнуваат на земјата.
Суди си сам, и Господ нема да те осуди.
Стекни мир во душата своја, и околу тебе ќе се спасат илјадници.
Отстрани го гревот, и болестите ќе се отстранат, зашто ни се даваат за гревовите.
И со леб можеш да се прејадеш.
Може да се причестиме на земјата и да останеме непричестени на Небото.
Кој ги поднесува болестите со трпение и благодарење, тие му се сметаат наместо подвиг, па дури и повеќе.
Од лебот и водата уште никој не се пожалил.
Купи метла и почесто мети ја келијата, затоа што како што ќе биде изметена твојата келија, така ќе биде изметена твојата душа.
Поголемо од постот и молитвата – е послушанието, то ест, трудот.
Нема ништо полошо од гревот, и нема ништо пострашно и попогубно од духот на унинието.
Вистинската вера не може да биде без дела: кој вистински верува, тој неминовно има и дела.
Доколку човек би знаел што Господ му приготвил во Царството Небесно, тој би бил готов и цел живот да го помине во јама со црви.
Смирението може да го покори сиот свет.
Треба да се оддалечуваме од унинието и да се трудиме да имаме радосен дух, а не тажен. Од радост, човек може сè да направи, а од внатрешна тага – ништо.
Игуменот (а уште повеќе епископот) треба да има не само татково, туку и мајчинско срце.
Светот лежи во зло. Ние треба да го знаеме тоа, да го помниме, и да го преодолеваме, колку што е можно.
Нека живеат со тебе во мир илјадници, но тајната своја откривај ја од илјадници, на еден.
Ако се разруши семејството, ќе се разрушат државите и ќе се развратат народите.
Како железото на ковачот, така јас се предадов себеси и својата волја на Господ Бог: како Му е угодно, така и правам; волја своја немам, а што е угодно на Бога, тоа и го предавам.
Сеј на добра почва, сеј и на песок, сеј на камен, сеј покрај патот, сеј во трња: сепак, некаде ќе изникне и ќе порасне, и плод ќе даде, иако не за скоро.
Кога ќе ме нема, доаѓајте кај мене на гробот! Кога ќе имате време, доаѓајте, и колку почесто, толку подобро. Сè што имате на душата, што и да ви се случило, дојдете кај мене, и сета мака своја донесете ја на мојот гроб! Паѓајќи на земја, како на жив сè раскажете ми, и ќе ве чујам, и сета ваша мака ќе отпадне и ќе помине! Како што зборувавте со мене жив, така и сега! За вас, јас сум жив и ќе бидам, во веки!