Спасувајќи бездомник, почина првиот прес-секретар на службата „Милосрдие“, Георгиј Великанов

Првиот прес-секретар на православната хуманитарна организација „Милосрдие“, олтарник и псалт во храмот на Семилостивиот Спасител во Митин, историчар и катихизатор Георгиј Великанов загина, спасувајќи бездомник кој паднал на железничка пруга.

По зборовите на игумен Силуан (Туманов), Георгиј Великанов го извлекол бездомникот кој паднал од платформата „Красногорскаја“, а самиот паднал под брзиот воз, соопштува порталот «Православие и мир».

„Деновиве само што разговаравме за можноста да се адаптира до нашата реалност анафората на Апостолските установи и другите текстови. Правевме планови. А тој имаше храброст да отиде понатаму. Кон Христа“, – раскажува отец Силуан.

Георгиј Великанов завршил Богословски факултет на Православниот Свето-Тихоновски хуманитарен универзитет. Беше мисионер-катихизатор, псалт и олтарник во московскиот храм на Семилостивиот Спасител во Митин, автор на статии по богословска тематика. Исто така, работеше во одделот за црковна благотворителност и социјално служење.

„А знаете уште што сфатив?… Дека Господ ја прима секоја наша жртва. За Него многу, многу е скапоцено секое движење на нашето срце кон Него, секој акт на љубов и давање, секоја постапка, мисла или збор, во кои се пројавува љубов. За Него, тоа е подарок… И не е важно, дали ќе подариме многу или малку, или колку е убава паковката. Нека изгледа, дека да му се насмевнеш некому – е малку, но некогаш во тоа е СÈ. И Господ не бара од нас – да дадеме онолку, колку што даваат светителите или оние, на чиј пример ние се потпираме, и кого би сакале (но не можеме) да го подражаваме. Тој гледа на потенцијалот на секоја душа, на нејзините можности и сила“, – се мисли кои ги споделил Георгиј Великанов во 2012 година, на својот фејсбук профил.

26906941_977200702434479_8619790531452689757_n

Бог да ја укрепи неговата сопруга Наташа, и неговата душа да ја всели каде што почиваат праведниците – каде што нема ни болка, ни тага, ни воздишка, но живот бесконечен!

Извор: https://foma.ru