Сонце

0-02-05-624e59f559824c6e19eb56820acea092e9884e2cb6440f41dc10f28842bae31b_full

Од кога знам за себе

Секогаш те барав на небото

Ја прифатив и замената

Во ноќите да биде луната

Различни беа моите потреби

Затоа тагував при нашите разделби

Постојано ми требаше твојата светлина

За да се смират моите немири

Не знаев дека сонцето кое го гледав

Е бледа сенка на Твојата светлина

Ниту помислував кога трепкав

Дека така ќе ги поминам моите премрежја

Ти ја гледаше бунтовноста млада

Која извираше од раната лудост

Но не замерува Оној кој дава

–      Производ на Неговата премудрост.

Станував и паѓав од немаштија –

Производ на желби кои ме соголија,

Пораз по пораз се менуваа, кој ќе ги изброи ?

Сè додека Ти не победи

Ме приведе тивко

Од маглата густа

Ми одржа предавање јасно

За кое не се размислува гласно

И сега,

Ах Љубов луда,

Ах Трпение длабоко

Ах Смирение вечно непрестајно

Ах Светлино тивка на невечерниот ден

Ах Слово Божјо кое ме трпи сè уште непоправен

Не се оддалечувај од мојата внатрешност

Прости ѝ на мојата превртливост

Дозволи на крајот на патот

Каде ангелите ги подаваат своите раце –

И јас да видам Сонце.

0-02-05-1640080a8a1850c9b9ecd48bced16e1778c706fec0aa94f00cab71795b29260f_full

(Од сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир)