На 20.01.2018 г., кога го празнуваме празникот Собор на свети Јован Предвесник и Крстител; Светиот маченик Атанасиј; Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Кирил и Методиј во Ресен.
На богослужбата, заедно со многубројниот верен народ, присуствуваше и градоначалникот на општина Ресен, д-р Живко Гошаревски.
После Литургијата, според старата ресенска традиција, по пат на жрепка беа поделени Крстовите, кои верниците секоја година ги понесуваат во своите домови понесувајќи го Божјиот благослов, и идната година ги враќаат во храмот.
Тропар, глас 2
Споменот за праведникот е со пофалби,а тебе ти е доволно и Сведоштвото Господово, Претечо.Навистина си се покажал најпочитуван меѓу пророците,зашто си се удостоил во река да Го крстиш Проповеданиот.Затоа со радост си пострадал за Вистината, и на оние им Го благовести Бога,Кој во тело се јави и го зема гревот на светот и ни дарува голема милост.