На 18.02.2018 г., во Сиропусната недела, во последната подготвителна недела пред Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј, во Битола.
На Литургијата, верниот народ, подготвен да влезе во блаженото пристаниште на постот, се причести со Светите Христови Тајни.