Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„О, жено, голема е твојата вера“ (сп. Мат. 15, 28), и рекол Господ наш Исус Христос на жената Хананејка.
Откако многу народ тргнал по Господа Исуса Христа во Јудеја, Господ одлучил да отиде и во земјата Тирска и Сидонска.
Оваа земја, била незнабожечка земја, браќа и сестри, односно таму имало темнина и мрак, и токму затоа Господ Исус Христос отишол таму.
Тогаш кон него пристапила оваа жена Хананејка, и почнала да вика со силен глас: „Исусе, сине Давидов, помилуј ме грешната!“ (сп. Мат. 15, 22).