Радоста на враќањето

nedelja_bludnog_sina

„Имаше еден човек двајца синови, и помладиот од нив му рече на татка си: Татко, дај ми го делот од имотот што ми припаѓа мене. И тој им го подели имотот…“ (Лк. 15, 11-32).

Бунтот на поладиот син и татковата снисходливост

Помладиот син од приказната го спасува тоа што се чувствувал како син на татка си. Тој живее во семејниот простор. Гревот и слабоста негова се во тоа што како незрел, не стигнал до спознанието дека имотот на татко му е и негов имот исто. Затоа бара дел. Таа поделба која се прави во него е неговиот грев. Делбата, распарчувањето е грев. Отецот е богат во љубовта и не се занимава со себеси. Него го интересира да го спаси другиот. Детето негово, што претставува цел на неговиот живот. Него не го интересира што ќе рече светот, дали ќе го изгуби неговиот авторитет ако се покаже промаршен татко на дете кое го оставило домот и заминува далеку. Љубовта на таткото досега подалеку од судот на светот и бунтот на неговиот син. Затоа, не сака да го пучува со зборови.

Отецот не сака со сила да го задржи синот, туку да му даде можност самиот да се врати кај него. Тоа движење кон отецот го одредува синот.

Му го дал делот што го барал. Но делот, оттргнат од целината на вистината на лозјето на животот не може да донесе плод.

Она што е лажно исчезнува, нè напушта

Во далечна земја, никој не живее засекогаш добро. Никој никому не може да помогне. И кога бараш помош, да се удомиш кај некој жител од таа земја, тој те турка уште пониско, те праќа да чуваш свињи, да пасеш страсти.

Нека сум изгубил и сè. Буквално нека сум умрел, сепак постои нешто што не се губи, што не умира. Тоа е мојот Отец и љубовта Негова. Тој е силен во милоста и благ во силата.

Зар требаше да заминам толку далеку, за да го почувствувам тоа?

Уште пред да стигне до куќата, Отецот го гледа и трча. Синот веќе разбира. Отецот ја чул исповедта, уште пред синот да ја каже. Бил заедно со него, а синот тоа не го гледал.

Отчевата љубов ја победила смртта. Заблескале радост и веселба, на кои се жртвува угоено теле. Телето од параболата, велат Светите Отци е Синот Божји, а веселбата – Светата Литургија, собранието и животот на Црквата.

Враќање кое ослободува

Кога бараш нешто мало, едно јаре, не добиваш ништо. Кога не бараш ништо – ни слуга да станеш, добиваш сè.

Средба со постариот брат.

Од далечно поле се враќа помладиот син, а од татковото поле постариот и го покажал пеколот кој го носел во себе.

Животот на таткото е мака, која се повторува.

Во секој голем ден, искушенијата создаваат проблеми, предизвикуваат жалости. Отецот знае за болеста на неговиот постар син. Тој не трча како во случајот на помладиот, туку излегува натежнат од болка. И само утешно му зборува и трпеливо ги прима сите бранови на гнев од својот постар син.

Ти служам толку години…

Таткото ниеднаш не го нарекува татко. Ниту го гледа како Татко, туку како газда. Има „правнички“ однос. Себеси се оправдува, таткото свој го осудува. Јас секогаш сум во право. Не згрешив.

Братот свој не го нарекува брат, туку син на неговиот татко. А непоправливиот грев на синот не е тоа што го посрамотило таткото, туку потрошените пари.

Отецот го поправа синот со зборовите: „Чедо“.

Ти мене не ме сметаш за татко, но јас те сметам за син. На негативниот прилог од постариот „никогаш“, отецот му го спротивставува позитивниот „секогаш“.

Ти си секогаш со мене. Тоа е рај, слобода.

Каде сме ние? Кого го претставуваме?

Не е лесно да се каже. Многу е лукаво да се одговори. На тоа и нè учи оваа приказна.

Колку е страшно да се биде толку далеку, а истовремено да се наоѓаме во домот! И уште пострашно: да се пазат заповедите, а на крај да не се вкуси од угоеното теле и да не се биде светол учесник на великата Гозба која се принесува „за вселената“.

Архимандрит Василије Ивиронски

Извор: http://www.eparhijazt.com