На 19.10.2018 г., во село Богомила се организраше голема прослава во чест на македонски национален херој, филолог и револуционер Петар поп Арсов и 150 години од неговото раѓање. Овој свечен чин се обележа во неговата родна куќа во селото Богомила. Поздравен говор одржа Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, а се обрати и градоначалникот на општината. Присутните ги поздрави и Љубомир Ракиџиев. Настанот го збогатија и учениците од училиштето Петар поп Арсов од Богомила со пригодни поеми и рецитали. Реферат за животот и делото на Петар поп Арсов произнесе професор др. Ванчо Ѓеиргиевски, а извадоци од поемата ,,Поделбата на Македонија” изведе актерот Петар Темелковски.