Преподобен Гавриил (Ургебадзе) – поуки од животот на старецот

095b50b2d3b74bb51d90d91753a1f697_XL-330x260

Православието е вистинската вера

Две жени кои се наоѓале под влијание на сектата „Јеховини сведоци“, биле испратени кај отец Гаврил за да им помогне да се оттргнат од таа секта. Кога тие отишле во неговата келија, отец Гаврил започнал да воздивнува и да жали, и таа негова состојба на жалење траела околу десетина минути, сè додека жените не го запрашале за причината на неговата состојба. Отец Гаврил одговорил:

Како да не воздивнувам и да не жалам сестри мои? До сега јас знаев, дека спасението е за сите луѓе кои искрено се каат, но се сомневав, дали тие луѓе ќе се спасат поради свиоте лоши гревови. А сега јас дознав, дека постојат луѓе, кои се следбеници на ново учење; и дека нивниот број е над пет милиони, а се говори, дека ќе се спасат сто четириесет и четири илјади избраници. А како јас ќе влезам таму, ако сите места се зафатени?

Тие жени се збуниле,  не знаеле што да прават. После тоа отец Гаврил директно почнал да им говори за погубното учење на таа секта, и ги обратил во вистинската вера.

 

Смирението нè приблужува кон Бога

Отец Гаврил секогаш со посебна почит се однесувал кон луѓето кои имале смирение. Нели Бобохидзе ја раскажува следнава случка: „Еднаш кога се наоѓав во многу тешка ситуација, јас со неколку мои познаници отидивме кај отец Гаврил. Сите брзаа да си ја кажат својата мака. Јас помислив во себеси: Можеби тие се во потешка ситуација, отколку јас, – и се повлеков назад. Само што помислив на тоа, одеднаш отец Гаврил кој седеше позади мене, се заврте, ме погледна и ми рече: Колку си близу до Христа“.

 

Сите добра доаѓаат од Божјата милост

Еднаш кај отец Гаврил на гости отишле некои монаси. Додека оделе по пат накај него, тие разговарале помеѓу себе:

Колку се силни монасите, колку значи само тоа што ја знаеме силата на крстот, што ги знаеме молитвите, деведесеттиот псалм, бидејќи со нив ние го победуваме ѓаволот.

Кога тие влегле во келијата, отец Гавлил сите отделно ги благословил, а потоа им рекол:

А сега послушајте, што ќе ви кажам браќа: јас утрово се разбудив и веднаш злата сила со сета моќ почна да се бори со мене. Јас не можев да се движам. Сакав да се прекрстам, но рацете ми беа како врзани. Јас се обидов да го изговорам деведесттиот псалм, но и него не можев да го извоворам, бидејќи без како задушен. Јас се обидував и да се молам, но во умот имав таква силна борба, што молитвите и мислите ми се мешаа.

Тогаш отец Гаврил направи голема пауза, а ние седевме тивко. Во тоа време, еден од монасите пред сите понизно ја наведна главата. После таа кратка пауза отец Гаврил продолжи:

Погледнете, колку Бог е милостив: кога јас се наоѓав во таква состојба, врз мене се излеа неговата милост, и злата сила ме остави.

Во тоа време кога отец Гаврил ги кажа тие зборови, монахот кој ја имаше наведнато главата длабоко воздивна и ја подигна главата. Отец Гаврил со тоа им даде до знаење дека човекот не може да направи ништо без Божјата милост.

 

Разрешување на сомнежот

Една жена која била крстена со полевање, ја мачел сомнеж, дека таа не е вистински крстена, бидејќи не била крстена со потопување во вода.

Таа отишла кај отец Гаврил за да го реши ова прашање. Само што влегла во неговата келија, отец Гаврил започнал чудно да се однесува: он со своите раце си го криел лицето, очите.

Жената се зачудила на таквото однесување на отец Гаврил и го запрашала:

Што се случува оче?

Отец Гаврил и одговорил:

Матушке, кој е овој голем крштален ангел кој стои над тебе?!

Отецот со таквото поведение сè ѝ објаснил.