На 06.07.2018 г, во предвечерието кога го славиме раѓањето на Светиот пророк и Крстител Господов Јован, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Празнична Вечерна во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Германските гробишта, во Битола.
Денес се јави големиот Претеча, кој излезе од неплодната утроба на Елисавета, најголемиот пророк меѓу сите пророци, и како него друг не се појави, зашто врвната Светлина го следи светилникот Претеча, и Словото го следи Гласот, и Младенецот – оној што ја води Невестата, и подготвува народ избран за Господа, предочистувајќи го, преку Духот, со вода; тој е цветот на Захаријан и најдоброто воспитување на пустината, проповедник на покајанието, очистување на гревовите, кој, на оние што се во адот, им благовести воскресение, и кој се моли за душите наши.