Сила, да не подклекнам
Пред несоницата на ноќта.
Чекор, да го изодам
Патот со Крстот кој го носам.
Разум, да разликувам
Кога да делувам,
А кога да се повлечам.
Раце, да подигнам
Тежина под која нема да паднам.
Желби, да ги истрошам,
На една сведам –
Тебе да ти послужам.
Волја, да се борам
Но, крајот да не го видам.
Срце, да го приберам –
Секој сиромав кого ќе го сретнам,
Секој сирак да го удомам,
Секој осамен да го подружам,
За секого да се борам.
Барања се многу
Денови се малку,
Еве ме мене и мојата ролја
Нека биде Твојата волја.
(Од збирката богољубива поезија „Манастирски води“, на сестринството
при Слепченскиот Претеченски манастир)