„Плуг на нивата Господова“ – Свети Николај Јапонски

nikolaj2
Свети Николај Јапонски и учениците во Јапонската Православна Богословија

Денес е спомен на свети Николај Јапонски (Касаткин). На 16 февруари, 1912 г., се упокоил во Токио. Императорот Меиџи дозволил основачот на православната мисија на јапонските гробишта Јанака, сега во центарот на Токио, во близина на станицата Уено, и дури испратил на погребот и венец – што било многу ретка чест за странци.

За да се дојде на гробот, треба да се побара од вработените служители на гробиштата клуч од оградата на „рускиот свештеник“ – го даваат без проблем. Гробот е чист, во мермерни вазни има цветови – некој вид на хризантеми, бели и ситни. Од некоја причина на гробиштата во Јанака ги продаваат само нив, и затоа на сите надгробни споменици – има исти цвеќиња.

Во храмот на Воскресението Христово, на станицата Отјаномидзу (обично го нарекуваат само Николај-до, храмот на Николај), десно од амвонот стои кивот со моштите од светителот. Јас се трудам да отидам таму секогаш кога сум во Токио, и секогаш имам некое чувство на тивко, надвременско општење. Како светителот да е тука, покрај тебе, и ти кажал нешто многу важно, и само ти можеш да сфатиш што точно.

Во Русија, пред неколку години излегоа дебели томови од дневниците на владиката. Очекуваш таму да видиш откровенија, прозорливости – но не. Работа, работа. Преводи на Светото Писмо, Псалтирот и молитви на јапонски, административни работи, мисионерски патувања по целата земја, и така – повеќе од 50 години. За тоа време, во православие се крстиле 34110 јапонци, а до доаѓањето на Николај немало ниеден.

Неодамна пред смртта, владиката рекол: „Нашата улога не е поголема од плугот. Селанецот орал, плугот оветвел, и го фрлил. Оветвев и јас. И мене ќе ме фрлат. Нов плуг ќе почне да ора. Така што, гледајте, орајте! Орајте чесно! Орајте неуморно! Нека расте Божјото дело! Но сепак, многу е мило да знаеш, дека Бог имено со тебе орал. Значи – и ти не си за’рѓал. Значи, во рботата на Божјата нива и твојата душа малку се очистила, и за тоа секогаш да Му благодариме на Бога“.
Константин Волков