Неодамна ме запрашаа: што мислите – „да се живее според Божјата волја“ и „да се плива по течението“, е едно и исто, или сепак постои некоја разлика?
Да бидам искрен, бев изненаден од ова прашање, иако, неговата логика во целина е разбирлива. Бог ме приведе во овој живот, и се разбира, Он за мене има одредена цел. Би било чудно да се мисли, дека во Неговата промисла за мене, Он има само еден план – да ми даде битие (постоење), а понатаму човече, живеј во светот и снаојѓај се како што знаеш и умееш. Се разбира, оваа претпоставка не е точна, бидејќи Бог промислува за секого од нас. Но, постои и нашата слобода. Ако ние не можеме да ја видиме Божјата волја во нашиот живот, тогаш ќе почнеме да живееме надвор од Божјата замисла, со соодветни тажни последици. Но, ако живееме живот во заедница со Бога, тогаш нашиот живот ќе биде осмислен и среќен. Се чини дека сè е едноставно.
Но, тогаш да се запрашаме, во што е разликата, да се живее според Божјиот план (замисла) и да се плива според течението? Сè за тебе, однапред е замислемо и решено, твојата задача е да не се противиш на Божјата волја. Плови низ животот како трупец, лулајќи се на тивките бранови, и чекај, додека не те внесат во синото море на вечноста.
Од сето ова се добива некоја тажна слика, која воопшто не наликува на христијанството, туку на фатализмот на стоиците, кои сметаат дека посакуваната судбина ги води, а непосакуваната ги влече.
Тука си спомнувам за расказот на нашиот познат патник – отец Фјодор Конјухов. Во расказот се говори за еден натрпевар, во кој отецот се натпреварувал со некој млад француски спортист, кој бил многу силен. Да се натпреварува со него не била лесна работа, но отец Фјодор, бил многу поискусен и знаел многу работи, кои неговиот противник не ги знаел.
Факт е дека во океанот постојат струи слични на речните. Нив е невозможно да ги видиме, бидејќи нашиот видик околу нас, е исполнет со океанот. Но, во реалноста, водата на тоа место постојано се движи во една насока со голема брзина. Сите струи во правецот кон кои требало да се движат му биле познати на отец Фјодор Конјухов. На самиот старт, французинот веднаш се упатил напред, а отецот не брзајќи се, почнал да ја бара таквата „подводна струја“. Кога ја нашол, таа веднаш го понела напред. Отец Фјодор раскажувал: „За брзо време јас го стигнав противникот, кој веслаше со силен напор. Јас одев напред, а со веслата само се обидував да не ја изгубам струјата која ме водеше. Тој најверојатно беше изненаден: на кој начин мојот кајак се движи сам? А тајната е едноставна: тој по таа маршута пловеше прв пат, а јас веќе петнаесетти пат пловев по неа. Така, опитот ја победи силата“.
Овој расказ поттикна одговор на прашањето, кое на почетокот ме стави во недоумие. Да, може да се рече, дека да се живее според волјата Божја, е исто како да се плива по течението. Но, во овој случај треба да се разгледува не речното течение, туку океанското. Таму (во океанот), тоа не е едно како во реката. Во океанот ги има многу. Да се преплови океанот на брод со едра или весла, е можно, само ако во тоа добро се разбираме. Ако го најдеш тоа, што ќе те однесе до посакуваната цел – сметај, дека половината работа си ја завршил, и ти останува само да внимаваш де не „паднеш“ од него во водата или во струјата, која може да те однесе во друг правец.
Мислам, дека Господ за секого од нас определил таков тек во нашиот живот. А насоките кои го означуваат него во бескрајните секојдневни води, се заповедите на Евангелието. Преподобен Марк Подвижник говори: „Заповедите не го искоренуваат гревот: тоа е дело на Крстот Господов. Тие само ги чуваат границите на слободата која ние е дадена“. Живеејќи според заповедите, ние остануваме во течението на Божјата замисла за нас. Но таквиот живот бара од човекот одредени напори. Затоа, следењето на Божјата волја во христијанството, во никој случај не означува некој вид пасивен престој. Нашата цел – е да го пронајдеме вистинскиот тек меѓу сите останати, да влеземе во него, и внимателно да следиме да не излеземе од неговите граници. За останатото ќе се погрижи Господ.
Извор: http://pravoslavie.ru