На 09.09.2018 г., во Петнаесеттата недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на Преподобниот Пимен Велики, Преподобниот Пимен Палестински, Светиот маченик Фануриј, Светиот Осиј, епископ Кордобски, Светиот свештеномаченик Кукша и Пимен Посник, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!“ (Лука 10, 27).
Браќа и сестри, ние што бевме присутни, го слушнавме Светото Евангелие, но за оние кои беа отсутни, кратко ќе го повториме евангелскиот текст, за да знаеме што се случило на денешниот ден, кога при Господа Исуса Христа, пристапил еден законик, кој бил учен и млад човек, со желба да го искуша Господа Исуса Христа…