На 10.09.2018 г., во предвечерието на празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Празнична Вечерна богослужба во манастирот посветен на Светиот Претеча, во село Беранци.
Кога бесрамниот Ирод славеше роденден, се исполни дадената клетва на непристојната играчица, бидејќи Претечевата глава, отсечена, им беше принесена на гостите на чинија. О гозбо одвратна, злосторничка, со убиство исполнета! А ние, пак, Крстителот, како најголем роден од жена, достојно чествувајќи го, блажен го именуваме.
(Стихира на Господи Возвах)