На 09.02.2018 г., со полагање на букети свежи цвеќиња пред споменикот “Руски крст”, подигнат во Градскиот парк, во чест на рускиот конзул во Битола Александар Ростковски, како и свечен говор на амбасадорот на Русија во Република Македонија, Олег Шчербак, во Битола беше одбележан Денот на руската дипломатија.
Меѓу другите високи гости, на овој настан присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Неговата Екселенција, почесниот конзул на РФ во Битола, г-дин Сергеј Самсоненко, како и градоначалниците на Општините Битола и Ресен, г-ѓа Наташа Петровска и г-дин Живко Гошаревски.
– Веќе стана традиција на денешен ден во Битола да се собираме пред споменикот на рускиот императорски конзул, Александар Ростковски, кој пред 115 години беше убиен во Битола, за да го одбележиме Денот на руската дипломатија. Дипоматијата е сериозна и одговорна професија која бара да се има, не само длабоки познавања, туку и висок морал, а понекагаш и храброст. Професионалнот и човечкиот подвиг на Ростковски е дел од нашата заедничка историја. Работата на руските дипломати во сите времиња беше и ќе остане тешка и комплицирана работа, бидејќи Русија традиционално спроведува независна и суверена надворешна политика, цврсто ги брани своите национални интереси, се залага против монополот и диктатот од секоја страна, за заштита на принципите на правдата, рамноправноста и земното почитување, против двојните стандарди во сите ниви форми и појави.
Активна и независна позитивна надворешна политика на Русија, доследност во промовирањето на традиционалните вредности ја одредуваат важната улога на Русија во својство на еден од водечките воено-политички и морални центри во современиот свет, гарант на безбедноста и стабилноста. Без учество на Русија не може да се реши ни еден актуелен меѓународен и регионален проблем – истакна Шчербак, кој притоа посебно нагласи дека Руската федерација и Република Македонија го карактеризираат повеќевековно пријателство и одржливо партнерство меѓу двата народи.
Извор: http://netpress.com.mk